крсти (св. и несв.)

Значи, Грците нѐ крстиле „Бугари”, без да нѐ прашаат нас, и ние, немајќи време да гледаме и да му најдеме мана на името, си го усвоивме.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Тие јазли, т.е. држави, според силата што ја имаа кога се образуваа, си ги разделија меѓу себе сите колца – племиња и наречја на јужнословенскиот етнографски синџир и ги крстија со нивното име. Јазлите како свој центар си го имаа носителот на националното име; со зголемувањето или смалувањето на политичката моќ на носителот на националното име и последново се раширува или се смалува.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Но откако ќе се исклучат тие две покраини, сета друга Македонија Србите ја крстат српска, Бугарите -бугарска.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
А, ти, Арсене, испрати ги како знаеш! (Крстејќи се.) Оф, господе, господе!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Како да ве искорнам! Како да се куртулам од вас! Господе, господе! (Се крсти.) Спаси ме ти, спасителе Исусе ХРИСТЕ!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
ПАНКО: (Нешто поитар од Теодос, со очила и со дебел бастун, доаѓа крстејќи се со широки движења.) Господе Исусе Христе! Чув, не верував, гледам пак не верувам!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Ајде, крстете се и касвите пак да излегуваме.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
ФРОСА: (крстејќи се). Со здравје да си оди, со лес да си го помине патот. Со лес и со чест да си спечали.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
ПАНДЕ: (се крсти и станува). Господ да придаде! Дајте малце вода да си ги оплакнам рацеве...
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
БАБА АНЧА: (се крсти). Да е скраја од куќава моја!
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
ПОП ЈАНЧЕ: (се крсти). Ами ти ли знаеш повеќе дали има потреба или јас?!
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
И твојата земја убава со друго име пред тебе да ја крсти, прекрстуе, коските свети народни паднати за слободата, од гробот да ги скорива, по сокак да ги разфрла, и со нив да се подбива, а ти да гледаш со очи да гледаш и да црвееш и нити збор да не можеш да кажеш, да му одвратиш.
„Робии“ од Венко Марковски (1942)
За неполни два три месеци ги научи напамет молитвите и, на големо чудо од отец Арсенија, почна и сам да ги мрмори во параклисот кога се крстеше и длабоко правеше по четириесет метании наутро и навечер без да се почине.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— И почна усрдно да се крсти и да се моли за Гуца и сите други деца.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Гале и Раде исто така го напуштиле своето живеалиште и прешле преку Црна, та едниот ги удрил темелите на сегашното село Галишча, а другиот — на Радобил кои, ете, биле крстени на нивните имиња.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Уште кога чу дека Луман излегол од оваа страна на планината, прв меѓу селаните се крстеше и се молеше вака: „Само, луѓе, речете тоа зло од нас далеку да биде“.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
- Сѐ може да биде, почнува тој и пред да го крене шишенцето без брзање се крсти.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Каков овчар? се крстам почудена. Којзнае има ли во селото десетина овци!
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Во селото Старавина утринава поп Јаков служи литургија, држи проповед, та досега доцна ја пушти црквата, од која почна да излегува народ, крстејќи се пред иконата на св. Богородица над самата врата.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
А наравоучението е едно, докторе: непроверените сомневања крстете ги човечко зло. Пиете ли?“
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Повеќе